ГТЦ и Железара утре без вода

by jadranka 19:52
19:52

ЈП „Водовод и канализација“ известува дека утре со прекин во водоснабдувањето ќе биде дел од населбата Железара и Градскиот трговски центар во Скопје. Оттаму информираат дека поради промена на вентил ф-1“ на улицата „Коце Металец“, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

Исто така, поради промена на затворач ф-80 милиметри на улица „Филип Втори“, прекинато водоснабдување ќе има објектот на ГТЦ. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:00 часот до завршување со работните активности.

Слични вести