Ограбен Бугарин во скопски Аеродром: Напаѓач го турнал на земја и му го одзел телефонот

by jadranka 16:49
16:49

53-годишен државјанин на Бугарија пријавил дека бил физички нападнат и ограбен во скопската општина Аеродром, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, на 30 октомври 2026 година, во 23:45 часот, во СВР Скопје случајот го пријавил К.Б. (53) од Бугарија.

Тој пријавил дека истиот ден, околу 22:23 часот, на подрачјето на општина Аеродром, едно лице со употреба на физичка сила го турнало на земја, по што му го одзело мобилниот телефон.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести