Малолетници се обидоа да ограбат 62-годишник во Тетово, полицијата ги уапси

by irena 13:19
13:19

МВР информира дека вчера во Тетово, полициски службеници лишија од слобода 17-годишен и 16-годишен малолетник од Тетово.

Околу 12:30 часот во близина на трговски центар во Тетово, двајцата малолетници физички го нападнале М.Ш.(62) од с. Одри, тетовско и му одзеле пари.

62-годишникот успеал да го задржи 17-годишникот, при што тој со остар предмет му нанел повреда.

Во моментот на настанот поминувала полициска патрола и го лишиле од слобода напаѓачот.

Подоцна, по преземени мерки, во 16:15 часот на ул. „Вон Вадарска“ во Тетово бил пронајден и лишен од слобода и 16-годишникот.

Тие се задржани во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот против нив ќе следува соодветен поднесок.

 

Слични вести