Двократниот европски шампион и актуелен шампион на Македонија Вардар со реми 26-26 против Мелсунген го заврши својот настап сезонава во Лигата на шампионите.
Чупиќ почна во нападот со четири бека тактика која што се покажа како грешна бидејќи неговите избраници не успеаја да ги реализираат првите три напади, а Мелсунген со два гола во низа поведе со 0-2 во влезот на 5 минута.
Гостите врза два гола во низа, па во 12. минута за првпат стигнаа до плус три (5-8). Вардарци заиграа подобро, но и среќата не беше на нивна страна откако неколку пати ја погодуваа рамката од голот на Симиќ, но и покрај тоа во 21. минута дојдоа до егал 10-10.
Продолжи добрата игра на нашиот шампион кој во 25. минута со голот на Фадуил за првпат стигна и до водство 12-11. До крајот „црвено-црните“ ја задржаа предноста и на пауза заминаа со позитива од 14-12.
Гостите подобро го отворија вториот дел. Со серија од 4-1, направија целосен пресврт во 38. минута (15-16), по кој Иван Чупиќ мораше да интервенира со тајм-аут. Ниту еден тим не успеа да се одвои, а во последните 10 минути се влезе со егал 22-22. 26-26 беше во 56. минута, со што мечот влезе во неизвесна завршница. Во следните две минути не погоди никој, па со истиот резултат се влезе во последната минута и пол.
Да Силва погоди за Вардар 25-24, но гсотите веднаш возвратија (25-25), а проблем за нашиот шампион беше и исклучувањето на Марио Стојановски на 58 секунди до крајот. Јака Малус во следниот напад изнуди пенал, кој успешно го реализираше Фадуил за 26-25. Мелсунген имаше 18 секунди за реми и пласман во следната фаза.
Матео Фадуил со седум гола беше прво име во нашиот табор, додека кај гостите Леон Штел постигна осум гола.