2
Партијата Ликуд на Бенјамин Нетанјаху ги обвини формациите во Израел со претежно арапско членство, за кои се очекува да освојат рекордни 17 места во парламентот, дека ги „украле изборите“.
„Изборите беа украдени од арапски партии кои поддржуваат тероризам и уништување на еврејската држава“, изјавија од „Ликуд“.
Од партијата на Нетанјаху додадоа дека располагаат со докази за „корупција, закани, насилство, измами и користење забранет софтвер за вршење притисок врз избирачите“.