Уапсените за двете убиства во Ѓорче Петров признаа во полиција – ги врзувале, па претепувале жртвите, па потоа краделе

by irena 18:16
18:16

Осомничените за двете убиства во скопските населби Хром и Ѓорче Петров кои се приведени веќе ги признаа кривичните дела во полициска станица.

Напаѓале повозрасни лица кои живееле сами, па ги врзувале и претепувале, по од нивните домови краделе пари и злато.

МВР потврди дека вчера уапсени се четири лица – А.С.(22), Х.Е.(20) и К.А.(58) од Скопје, како и М.Р.(26) од Струмица.

Тие се осомничени за две кривични дела „разбојништво“ со последица смрт, извршени на 22 октомври во Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.

Според неофицијалните информации од извори во истрагата, двајца од приведените учествувале во првото убиство, во кое животот го загубил 62-годишен маж од Хром, додека тројца биле вклучени во убиството на 76-годишната жена, чие безживотно тело вчера беше пронајдено во нејзиниот дом во Ѓорче Петров.

Четвртиот осомничен, 26-годишникот од Струмица, според истите извори, бил возач на групата и се сомничи дека помагал при извршувањето на кривичните дела.

Од Обвинителството појаснуваат дека постапката сè уште е во фаза на прибирање докази и дека засега не е донесена наредба за спроведување истрага.

Слични вести