Со 7 гласа разлика обвинителката Хаџи Василева го победи колегата Пеливанов

by valentina 19:53
19:53

Со освоени 64 гласа, обвинителката Искра Хаџи Василева е новиата шефица на Обвинителатвото за гонење на организиран крииминал и корупција. Зад неа, со освоени 57 гласа е обвинителот Трајче Пеливанов, а потоа на третото место е Јове Цветановски со 30 гласа. По него следува Фатон Азизи со 14, додека Лидија Раичевиќ добила шест гласа.

Од вкупно 187 јавни обвинители од целата држава, кои преку непосредно и тајно гласање избираа меѓу петмина кандидати, не гласале само 12-мина.

Гласовите ги преброи и соопшти Комисијата за спроведување на изборите при Советот на јавните обвинители.
Сепак процедурата ќе се официјализира утре, откако ќе истече рокот за преговори.

Обвинителката Хаџи -Василева веќе 11 години работи како јавен обвинител. Таа е академец од петтата генерација во Академијата за судии и јавни обвинители. До неодамна беше дел од скопското обвинителство, но од 2024 година се приклучи во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Работела на доста значајни предмети, но едни од последните по кои ја препознава јавноста е случајот со 350.000 илјади евра заѕидани пари на судијата Ѓоко Ристов, како и случајот „Жан Митрев“.

Валентина Вурмо

Слични вести