Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повторно ги обвини членовите на платформата „Разговори за индината 12:05“ дека одработуваат за интересите на власта и дека имаат намера да го поделат Социјалдемократскиот сојуз. Тој ова го кажа на денешната прес-конференција, прашан да ги коментира последните повици на платформата за обединување на опозицијата по изборите и падот на власта во соседна Србија.
Филипче рече дека платформата била повикани на разговор, но дека таа во суштина сака поделба на СДСМ.
„Таа платформа беше повикана и сè уште е, ако сакаат да дојдат да разговараат. Но, тоа не е намерата, затоа што кога имаш намера да разговараш, ќе дојдеш да разговараш, кога имаш намера да го делиш СДСМ, тоа ќе го правиш и тие тоа го прават. Му должат на Христијан Мицкоски. Дојдоа овде да направат дефокус на дента кога Фон дер Лајен дојде во државава и му кажа директно во лице на Христијан Мицкоски дека идентитетот и јазикот се заштитени. Со тоа падна во вода неговата најголема лага изминативе повеќе години. Му требаше некој да направи дефокус. Какво срамно сработување за еден таков предавник“, изјави Филипче на денешната прес-конференција.
На овој начин, додава лидерот на СДСМ, тие одработуваат за предавничка агенда. „Колку треба да се мизерни тие луѓе да одработуваат за ваква предавничка агенда? Нема да им помине, апсолутно. Сите се купени од власта и одработуваат за нивни интереси“, вели Филипче.