Се огласи човекот кој му го даде гласачкото ливче на Вучиќ: „Едвај одеше, знаеше дека е готов“

by jadranka 16:35
16:35

Александар Вучиќ, носител на листата на „Обединета Србија“, гласаше на вчерашните парламентарни избори во Србија на гласачко место во Нов Белград. На социјалните мрежи почна да се шири видео од членот на избирачкиотодбор Предраг Поповиќ како му го предава гласачкото ливче со насмевка, а медиумите блиски до актуелната влада веднаш го сметаа тој момент за провокација.

Вучиќ вчера изутрина чекаше речиси два часа во долга редица за да може да гласа, затоа што интересот за излегување на изборите беше огромен. Фотографите што го снимија уште тогаш забележаа дека тој изгледа загрижен.

Поповиќ се огласи на социјалните мрежи и ја опиша својата средба со поранешниот претседател на Србија. „Кога дојде на гласачкото место, за разлика од обичните луѓе, дури и не рече ‘добро утро’, не се ракуваше со никого, едвај одеше. Тогаш сфатив дека знае како ќе помине. Се надевав на тоа, знаеше дека е готово“, напиша Поповиќ.

Слични вести