Во три одвоени сообраќајки, потешко повредени мотоциклисти и велосипедист

by irena 14:59
14:59

На 23.10.2026 во 16:20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Ферид Бајрам“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.В.(60) од Скопје и велосипед управуван од Б.И.(75) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, додека со телесни повреди возачот на мопедот Д.В., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ и Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 22.10.2026 околу 15:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Никола Тесла“ и ул.„Руѓер Бошковиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 47-годишната М.А.С. од Скопје и мопед со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(38) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Јавна здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

На 23.10.2026 околу 06:40 часот во СВР Штип е пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Крајгер“ со ул.„Анте Банина“ во Штип се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.С.(63) од Кочани и мопед со штипски регистарски ознаки, управуван од И.К.(37) од Штип. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.

Слични вести