1
СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.Б.(36) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 17.10.2026 во семејниот дом во Тетово, пријавениот со остар предмет се обидел да ја нападне неговата мајка, по што ѝ упатил закани по живот.
На 23.10.2026 во 21.10 часот во СВР Штип, 23-годишна жена од Штип пријавила дека околу 01:00 часот била физички нападната од нејзиниот сопруг Д.Ч.(29) од Штип, со кој била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.