226
Цената на нафтата на светскиот пазар денес го достигна своето највисоко ниво во последните пет месеци.
Цената на суровата нафта од типот „Брент“ (од Северното Море) во Лондон порасна за 2,8 отсто и сега надминува 118 долари за барел – развој на настаните што предизвика пад на берзите низ Америка и Европа.
Овој пораст на цените на нафтата следи по извештајот на американскиот дневен весник „Њујорк тајмс“, во кој се наведува дека Соединетите Држави и Израел подготвуваат планови за можни напади врз Иран по американските избори во ноември.
Во текот на неделата, цената на нафтата се зголеми за повеќе од четири отсто, што го засили притисокот врз берзата.