Шедесет и двегодишен маж е пронајден починат во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје, а на неговото тело биле забележани траги на насилство. Случајот бил пријавен вчера во 18:40 часот во СВР Скопје. Починатиот е идентификуван со иницијалите С.Ј. (62).
„На 22.10.2026 во 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на општина Ѓорче Петров во Скопје бил пронајден починат С.Ј. (62). Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт со траги на насилство“, информираат од МВР.
Полициски екипи извршиле увид на местото, а по наредба на јавен обвинител телото е предадено на обдукција, која треба да помогне во утврдувањето на причината за смртта. Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.