Нетанјаху: Иран се обидува да развие нуклеарно оружје

by irena 21:46
21:46

Иран се обидува да го унапреди развојот на сопствено нуклеарно оружје, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, оценувајќи дека Иран „сè уште не ја научил лекцијата“.

„Моџтаба Хамнеи одлучи да тргне по стапките на својот татко. Тој го запали фитиљот, а Иран повторно се обидува да развие оружје за смрт“, рече Нетанјаху за време на посетата на офицерска школа во јужен Израел, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Според него, постои само еден начин да се отстрани заканата од нуклеарно оружје, а тоа е, како што рече, соборување на режимот во Иран.

„Ова е исто така моја директива до армијата, Мосад и безбедносните служби“, рече тој.

Министерот за одбрана, Израел Кац, кој исто така беше во посета на офицерската школа, ги предупреди Иран и неговите прокси-сили да не изведуваат напади врз Израел за време на претстојните избори.

Кац истакна дека „иранскиот режим е во својата најслаба фаза досега“, додавајќи дека „оваа слабост може да го наведе режимот да преземе крајни мерки, вклучително и такви насочени против државата Израел“, пренесува Танјуг.

Претходно денеска, „Фајненшел тајмс“, повикувајќи се на неименувани извори, објави дека Нетанјаху планирал да започне напади врз Иран на почетокот на октомври, но дека американскиот претседател Доналд Трамп се спротивставил на обновувањето на конфликтот пред изборите во САД, закажани за 3 ноември.

Слични вести