Зеленски: Ако мораме да ја замрзнеме ситуацијата сега, мислам дека тоа е реален начин да се стави крај на оваа војна

by irena 15:34
15:34

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за американската телевизија „Фокс њуз“ изјави дека замрзнувањето на војната долж сегашните линии на фронтот би можело да биде реален начин за завршување на конфликтот.

Одговарајќи на прашањето дали би прифатил мировен договор со кој би се замрзнала ситуацијата на терен, при што Украина би задржала најмалку 75 отсто од својата територија, Зеленски одговори потврдно.

„Да, ако мораме да ја замрзнеме ситуацијата сега, мислам дека тоа е реален начин да се стави крај на оваа војна“, рече Володимир Зеленски.

Слични вести