(ВИДЕО) Спречен шверц на строго регулиран лек за малигни заболувања на преминот „Богородица“

by irena 14:35
14:35

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

Станува збор за лек чиј увоз е строго регулиран со дозволи од надлежни институции и чиј транспорт подлежи на строго пропишани стандарди.

Случајот бил откриен на влез во државата на граничниот премин Богородица, каде при контрола на автобусот, во кутија за прва помош, биле откриени вкупно 29 вијали во вредност од 336 илјади денари, 29 кутивчиња, но и 30 самолепливи етикети спакувани во најлонска црна кеса.

Од страна на Одделението за истраги против сторителот е поднесена кривична пријава за „криумчарење“, казниво по Кривичниот законик, посочија од Царина.

Оттаму додаваат дека годинава, од мобилните тимови и царинските службеници на граничните премини, запленети биле над 30 илјади парчиња лекови.

Слични вести