1
Тринаесетгодишно дете од Скопје се здобило со тешки телесни повреди откако изгубило контрола над велосипедот и излетало од коловозот на улицата „Јустинијан Први“.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила вчера околу 17:30 часот, а случајот бил пријавен во СВР Скопје.
„На ул. ‘Јустинијан Први’ во Скопје, 13-годишник од Скопје, управувајќи велосипед, изгубил контрола и излетал од коловозот“, информираат од МВР.
Детето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Скопје.