Франција се подготвува за нови протести – повеќе полиција на улиците

by irena 08:29
08:29

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, по средбата со градоначалникот на Марсеј, Беноа Пајан, изјави дека ќе нареди распоредување на поголем број полицајци во француските градови пред најавените протести во сабота.

„Ќе распоредиме многу значајни полициски сили, кои во секој случај ќе бидат побројни отколку минатата сабота“, рече Нуњез, пренесува „Фигаро“.

Одговарајќи на критиките на Пајан – кој ја доведе во прашање природата на наредбите издадени на безбедносните сили минатата сабота во Марсеј, оцени дека нивниот број бил недоволен и побара објаснување – Нуњез изјави дека нивното дејствување во иднина ќе се одвива „во движење и со исклучително брза реакција“.

„За време на насилството и грабежите во Марсеј, можеше да има и до 10 или 15 жаришта истовремено, со групи од понекогаш и по 200 луѓе, па затоа е очигледно исклучително тешко да се стават под контрола“, рече министерот Нуњез.

Официјални лица соопштија дека во Марсеј, вториот по големина град во Франција, 500 продавници биле цел на изгредници, при што 317 од нив биле оштетени или ограбени.

По насилните немири што се случија во овој град во саботата, безбедносните сили уапсија 101 лице, меѓу кои 74 возрасни и 27 малолетници, соопшти обвинителството.

Слични вести