По заплената на петте тони марихуана во Македонија на почетокот на годината, во Србија сменети 15 полициски раководители

by irena 00:33
00:33

Петнаесет раководители на Службата за борба против дрога при српската Управа за криминалистичка полиција биле преместени на други позиции по заплената на петте тони марихуана од Македонија во близина на Крушевац на почетокот на годинава, објави српскиот истражувачки портал „Крик“.

Медиумот објави писмо што полицајците го испратиле до српскиот премиер Ѓуро Мацут, во кое тврдат дека еден ден по акцијата, во која е запленета историска количина на марихуана, биле сменети раководителите на службата и дека тие и нивните семејства биле изложени на притисоци. Писмото го потпишале 13 полицајци, кои побарале средба со премиерот. Тој до денес не им одговорил на барањата.

“Еден ден по заплената започна уништувањето на службата, при што беа разрешени началникот на службата, заменик-началникот на службата, началниците и замениците во сите четири одделенија на службата, како и пет раководители на одделенија. По нашите отпуштања, започнаа притисоци и отпуштања врз нашите сопруги кои се вработени во Министерството за внатрешни работи, како и разни видови притисоци“, се наведува во писмото што полицајците го испратиле до српскиот премиер Мацут.

Крик“ пишува дека запленетата марихуана била пронајдена на имот на локален функционер од владејачката СНС.

Слични вести