2
По протестите и немирите, властите во Париз од вечерва воведуваат полициски час во реонот на Плоштадот на Републиката и улиците околу салите.
Делумниот полициски час стапува во сила во 22 часот по локално време и ќе трае до шест часот.
Претходно, премиерот на Франција Себастијан Лекорну изјави дека побарал од локалните власти вечерва да воведат делумен полициски час по насилните протести што ја потресоа целата земја во текот на викендот.
Тој најави дека доколку е потребно ќе се прогласи и вонредна состојба.