СДСМ задоволна од резултатот во Брвеница: Имаме 200 гласови повеќе

by irena 10:33
10:33

Опозициската СДСМ изразува задоволство од резултатот на предвремените избори за градоначалник на Брвеница, на кои нејзиниот кандидат освои 707 гласа и заврши на четвртото место.

Од партијата задоволството го објаснуваат со споредбата со изборите од пред една година. Според СДСМ, нивниот број гласови се зголемил, додека поддршката за ВМРО-ДПМНЕ се намалила.

Сепак, резултатот на СДСМ е околу четирипати понизок од оној на ВМРО-ДПМНЕ, чиј кандидат освои најмногу гласови. На второто место е кандидатот на ДУИ и коалицијата, а на третото кандидатот на ВРЕДИ.

Изборната трка во Брвеница продолжува во втор круг, во кој ќе се соочат кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ и коалицијата.

Слични вести