(ВИДЕО) Нови судири со полицијата на шестиот ден од протестите во Албанија

by irena 23:12
23:12

Протестите во главниот град на Албанија, Тирана, продолжуваат и денеска. Попладнево започна собирањето на демонстрантите во близина на Министерството за образование. Дел од нив, повеќето млади луѓе, носат маски на лицето, а дел не. Со албански знамиња в рака повикуваа премиерот Еди Рама да си поднесе оставка, објави Топ Ченел.

Денешниот протест започна со еден поинаков детаљ – неколкумина млади играа оро и пееја песни среде улица, пред полициските службеници.

Еден од учесниците на протестот повика да не се врши насилство врз полицајците, а ги повика и вторите да не вршат насилство врз насобраните граѓани. Потоа во знак на револт го скина сертификатот што му бил доделен од поранешната министерка за образование Беса Шахини, како победник на Олимпијада по историја.

Но, по неколку моменти спокој, започнаа тензиите и фрлањето камења во правец на полицијата, која сè уште стои во близина на Министерството за образование.

Во насилствата повредена е една новинарка која со амбулантно возило е пренесена надвор од зоната на протестот. Полицијата потоа ги потисна демонстрантите кон центарот, при што дел од нив беа приведени.

Демонстрантите запреа пред седиштето на Социјалистичката партија, каде што започнаа да ја напаѓаат зградата со камења, погодувајќи го и делот кај влезната врата и кршејќи ги прозорците.

Слични вести