2
Без водоснабдување поради интервенција на водоводната мрежа денеска ќе останат корисниците на улиците „Коце Металец“, „Зеничка“, „Тајмишка“, како и делови од улиците „Филип Филиповиќ“ и „Гемиџиска“ во Железара.
Како што соопштуваат од ЈП „Водовод и канализација“ прекинот во водоснабдувањето е поради замена на затворач и надземен хидрант на улицата „Коце Металец“ (кај последна станица на линијата 16), ќе започне во 9 часот и ќе трае до завршување на предвидените работни активности.