Од МВР информираат дека се санкционирани четири возачи кои непрописно со возила блокираа булевар во Скопје.
-Во врска со видеото кое беше споделено во дел од медиумите на кое се гледа како на бул.”Јане Сандански” во Скопје од страна на неколку возила е попречен сообраќајот, денеска (11.10.2026) во Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје повикани се Д.Г.(28) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки, М.П.(25) кој го управувал патничко возило “бмв” со скопски регистарски ознаки, Љ.Б.(48) кој управувал патничко возило “ауди” со скопски регистарски ознаки и С.С.(23) кој управувал патничко возило “сузуки” со скопски регистарски ознаки.
Кон лицата преземени се соодветни мерки по Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата за сторен сообраќаен прекршок и ќе се соочат со законски предвидените глоби, информираа од МВР.