Во Перу го избраа Хитлер Мусолини за градоначалник

by irena 12:29
12:29

Хитлер Мусолини Симеон Флорес е новиот градоначалник на перуанскиот град Керопалка, пишува „Политико“.

Кандидатот на партијата од левиот центар „Ахора Насион“ (Ahora Nación) освои 34 отсто од гласовите.

Според извештаите на локалните медиуми, разликата меѓу првите тројца кандидати изнесувала само 42 гласа.

За неговата кандидатура нема многу детали, ниту објаснување за необичното име.

Постои само информација дека Симеон Сак раководи со инвестициска групација.

Ова не е првпат политичар со такво име да се појави на избори.

Во Перу, во 2018 година, Хитлер Гесклин Алба Санчез го победи Ленин Владимир Родригез Валверде на изборите за градоначалник на округот Јунгар.
„Јас сум добриот Хитлер“, изјави Алба за медиумите за време на кампањата.

Од друга страна, во Намибија, Адолф Хитлер Уунона беше избран по петти пат по ред на локалните избори минатата година.

„Како дете, тоа име ми изгледаше сосема нормално“, изјави Уунона за Би-би-си.

Слични вести