1
На 26.09.2026 во 17:30 часот во Гостивар, во присуство на родител, полициски службеници лишиле од слобода 16-годишен малолетник од Видуше.
Како што информира МВР, тој бил затекнат како управува патничко возило „ауди“ без да се стекне со право за управување моторно возило.
Возилото е одземено и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.