1
Центарот за управување со кризи информира дека денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 5 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, еден пожар е под контрола, додека три пожари се изгаснати.
„Активен е пожарот во Општина Желино: кај Карпалак, на патот Скопје-Тетово (ѓубре). Под контрола е пожарот во Општина Гази Баба на планината Скопска Црна Гора, над Арачиново (дел од ниска деградирана шума)“, информираат од ЦУК.
Изгаснати се три пожари, во Општина Прилеп позади Индустриското училиште (сува трева); Општина Гази Баба, на бул. „Александар Македонски“ (ѓубре) и во Општина Карпош, на ул. „Скупи“ б.б. (ѓубре).