1
Во полициска акција во Скопје, според неофицијалните информации, приведена е инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист.
Првичните информации се дека, користејќи ги овластувањата од функцијата, таа вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.