Полицијата „улови“ девет лица зад волан без возачка дозвола

by irena 17:37
17:37

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит и тоа: О.М.(26) и С.Н.(30), двајцата од Скопје, Д.К.(26) од с. Јурумлери, скопско, 17-годишник од с. Студеничани, скопско, К.Д.(47) од Гостивар, А.С.(18) од Неготино, М.К.(46) од Гевгелија, Б.П.(36) од Прилеп и К.Д.(48) од Битола.

Додека, пак, Ј.Т.(36) од с. Виничани, Општина Градско, управувал моторно возило под дејство на алкохол, а Ф.Г.(20) од Кочани управувал моторно возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Слични вести