Почувствуван земјотрес во Битола, Ресен и околинатa

by irena 23:05
23:05
Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 22 часот и 18 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 120 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9, на длабочина од 6 километри.
Земјотресот беше почувствуван во југозападните делови на Републиката, Битола, Ресен и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Слични вести