Му дал капар на мајстор да му изгради куќа, но тој исчезнал со парите

by irena 17:51
17:51

Скопјанец пријавил дека бил измамен од мајстор на кого му дал пари како капар за изградба на куќа, но потоа не можел да стапи во контакт со него.

-На 23.09.2026 во 11:40 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од Скопско пријави дека бил измамен од Б.Р. од с.Горна Матка за сума од 338.250 денари. Според пријавеното, во декември 2025 направиле устен договор Б.Р. да му изгради куќа за одреден паричен надомест. Како што е пријавено, откако му дал дел од парите, не можел да стапи во контакт со него, по што сфатил дека бил измамен – соопшти МВР.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични вести