Во гостиварската болница била донесена почината 45-годишна жена

by irena 15:46
15:46

45-годишна жена од гостиварското село Врапчиште синоќа била донесена без знаци на живот во Ургентниот центар во Гостивар.

Од тетовската полиција информираат дека случајот бил пријавен во 21:45 часот во Одделението за внатрешни работи Гостивар. Лекар констатирал смрт, при што на телото немало видливи траги на насилство.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата било предадено во Судска медицина за обдукција.

Слични вести