Пет лица приведени во Скопје поради предизвикување пожари

by irena 18:21
18:21

Пет лица се приведени во два одделни случаи во Скопје, откако полицијата ги сомничи за предизвикување пожари на различни локации во главниот град. Во едниот случај станува збор за пожар на подземни контејнери во Центар, додека во вториот бил опожарен дел од нива во Бутел.

На 22 септември во 13:15 часот, во близина на Соборниот храм „Свети Климент Охридски“, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б, П. (63) од Битола.

Според информациите од полицијата, тој бил забележан околу 13 часот на улицата „Максим Горки“ како подметнува пожар на подземни контејнери. По преземените мерки, лицето било пронајдено и приведено.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје. Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против 63-годишникот ќе следува соодветна пријава.

Во вториот случај, на 23 септември во 00:10 часот, на подрачјето на Бутел, полицијата привела четири лица.

Слични вести