2
Голем пожар попладнево избувна во продавница за бои во скопската населба Железара.
Густ црн чад се издига над објектот, видлив од повеќе делови на Скопје.
Противпожарната бригада е на терен.
Засега не е познато како избувнал пожарот, ниту колкава материјална штета е причинета.
Во моментов нема ниту информации дали има повредени лица.