Неколку пушки, пиштол и муниција пронајдени во викендица на 74-годишник од кавадаречко

by irena 14:34
14:34

ОВР Кавадарци поднело кривична пријава против Ќ.К.(74) од кавадаречкото село Ваташа.

Како што се наведува во полицискиот билтен, 74-годишникот ќе одговара кривично поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.

Имено, на 13.03.2026 на место викано „Катуниште“ во викенд куќа на пријавениот, полициски службеници извршиле претрес, при што биле пронајдени и одземени малокалибарска пушка „TOZ“ модел 1701 калибар 22 милиметри, ловна пушка калибар 16 милиметри, пиштол „Чешка Зброевка“, калибар 6,35 милиметри и парчиња муниција.

Слични вести