Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Канада, Ананд

by irena 16:31
16:31

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Њујорк се сретна со министерката за надворешни работи на Канада Анита Ананд. Средбата се оствари во рамките на Генералното Собрание на Обединетите Нации.

Муцунски и Ананд разговарале за навршувањето на 30 години дипломатски односи меѓу двете земји и ја потврдиле „цврстата основа на македонско-канадското партнерство и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување“, велат од Министерството.

Истакнато е и значењето на бројната македонска заедница во Канада, „која претставува важен мост и дополнителна вредност во односите меѓу двете земји“.

На средбата станало збор и за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен фокус на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена, информираат од Министерството.

Двајцата министри ја потврдиле блиската соработка и меѓусебната поддршка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите Нации и НАТО, како и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност.

Слични вести