Трамп пред почетокот на Генералното собрание на ОН: Путин да ја заврши војната во Украина!

by irena 16:36
16:36

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, пред почетокот на дебатата на Генералното собрание на Обединетите нации (ОН), изјави дека рускиот претседател Владимир Путин треба да ја заврши војната во Украина, пренесе Ројтерс.

Општата дебата во рамките на 81-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации (ГСОН) започна денеска и ќе трае до 28 септември, а светските лидери ќе разговараат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.

Соединетите Американски Држави (САД), како земја-домаќин, се втората земја-членка чиј претседател ќе ѝ се обрати на публиката.

Слични вести