Стефанија Кузмановска е нова претседателка на Социјалдемократската младина на Македонија

by valentina 22:14
22:14

Стефанија Кузмановска вечерва е избрана за нова претседателка на Социјалдемократската младина на Македонија (СДММ), на 27. Изборна конференција на младинската организација на СДСМ.

Според извештајот на комисијата, презентиран на конференцијата, пристигнале две кандидатури. Комисијата утврдила дека едната кандидатура ги исполнува сите предвидени услови, додека втората била оценета како неоснована. Тогаш едногласно ја усвоиле кандидатурата на Стефанија Кузмановска, која останала единствен кандидат.

Кузмановска досега ја извршуваше функцијата потпретседателка на СДММ.

Слични вести