Во Тетово вечерва се одржува средба меѓу лидерот на ДУИ, Али Ахмети и лидерот на Алијанса за Албанците и поранешен градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари.
На средбата, како што информираат од ДУИ, присуствуваат и раководните тимови на двете партии.
Во фокус на разговорите е координацијата на заедничките активности и обврски за предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница.
„Двајцата претседатели разговараат за организацијата на теренските активности и заедничката обврска на структурите на коалицијата НАИ во поддршка на кандидатот за градоначалник на Брвеница, Аркин Јахији“, стои во партиското соопштение.
Покрај тоа, се утврдуваат и понатамошните чекори на заедничката обврска во пресрет на изборниот процес во Брвеница.
На овие избори, ДУИ ќе настапи со кандидатот Аркин Јахији, додека Јовица Радески е кандидат на СДСМ, Стојанчо Радичевски на ВМРО-ДПМНЕ, а Јакуп Хусеини на ВЛЕН.