Трамп за Иран: Наскоро ќе одлучам дали да го уништам режимот или не

by vlatko 22:44
22:44

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се наоѓа пред голема и важна одлука во врска со идните чекори кон Иран, нагласувајќи дека во игра се сите опции.

Трамп најави дека на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе оствари средби со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман, со цел да ги процени позициите на земјите од Заливот.

-Ми претстои голема одлука. Дали сакам да ги уништам таму или не? Тоа е голема одлука. Сè е можно кога станува збор за мене – изјави Трамп.

Тој додаде дека сака да ја утврди точната позиција на сојузниците бидејќи САД биле многу заштитнички настроени кон нив.

Истовремено, Трамп истакна дека Иран сè уште е во директен контакт со Вашингтон и покажува интерес за договор за траен прекин на огнот.

Слични вести