Нелегален ископ на песок во струмичко: Затекнати работници и возила без соодветна документација во река во Доброшинци

by irena 17:14
17:14

Вчера постапувајќи по претходна пријава дека во река во с.Доброшинци, струмичко, се врши ископ на песок, по овластување на јавен обвинител, полициски службеници од СВР Струмица излегоа на местото и затекнаа товарно возило и работна машина – копач на правно лице-сепарација од с.Сачево, струмичко, со двајца вработени кои вршат ископ.

Известен е Државен инспектор за животна средина, а од јавниот обвинител е ангажиран и геодет кој констатирал дека се врши ископ, како и дека камионот е натоварен со околу девет кубни метри песок, но од правното лице не е приложена соодветна документација (барање, договор, елаборат и сл.) за ископот.

Се работи на расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Слични вести