Марта Кос: Македонија мора да го исполни ветувањето и да ги внесе Бугарите во Уставот

by irena 17:04
17:04

Без уставни измени, нема продолжување на евроинтеграциите на Македонија, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос во изјава за бугарската национална телевизија.

Таа испрати порака и до бугарската влада – откако Македонија ќе ги исполни уставните измени, Бугарија да и даде поддршка на земјата за процесот да продолжи.

„Тоа е многу добро прашање и би била многу среќна доколку го искористиме овој момент на проширување и за Северна Македонија. Имам доверба во новата бугарска влада, со која одлично соработувам. Заедно ќе најдеме начин да го придвижиме процесот напред со Северна Македонија. Се разбира, Владата на Северна Македонија мора да го исполни своето ветување. Таа треба да го измени својот Устав, што беше договорено меѓу Северна Македонија и 27-те земји членки на Европската Унија. Откако тоа ќе се реализира, ќе ќе сметам на поддршката од вашата земја за да продолжиме напред и со Северна Македонија“ порача Кос.

Слични вести