Ѝ се заканил во трговски центар во Тетово, па откако отишла со семејството да се разберат, избила тепачка со мајки, тетки и чичковци

by irena 08:53
08:53

Физичка пресметка настанала помеѓу повеќе членови на две семејства во Тетово, откако 27-годишен насилник ѝ се заканувал на 22-годишна девојка, соопшти СВР Тетово.

Во понеделникот во 19:00 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Ф.Ш.(27) од тетовското село Голема Речица.

Претходно, 22-годишната Ф.А. од Тетово пријавила дека околу 15:50 часот во трговски центар во Тетово, Ф.Ш. ѝ се заканувал, а подоцна со нејзиното семејство отишле пред неговиот дом за да разговараат со неговите родители, Ф.Ш. физички ја нападнал неа, нејзината мајка Е.А.(50) и нејзиниот чичко Љ.А.(48), а во нападот се приклучиле и неговата мајка и тетка.

Според пријавеното, Ф.Ш. го оштетил нејзиното патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки и нејзиниот мобилен телефон.

Ф.Ш. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, пишува во полицискиот билтен.

Слични вести