Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во официјална посета на Србија, на аеродромот „Никола Тесла“.
Таа го пречека претседателот Зеленски во Белград по повод неговата официјална посета на Србија, прва откако ја презеде функцијата.
„Пристигнав во Србија со мојот тим. За денес и утре се закажани важни разговори – со претседателот Александар Вучиќ и премиерот Ѓуро Мацута. Ќе разговараме за проширување на економските врски меѓу нашите земји, односите со Европската Унија, други области што можат да бидат корисни за нашите народи, како и за безбедносни прашања. Украина е секогаш подготвена да работи конструктивно, за взаемна корист и врз основа на взаемно почитување“, напиша Зеленски на X.
По пристигнувањето во Белград, српскиот претседател Александар Вучиќ приреди свечена вечера за претседателот на Украина.
Официјалните средби започнуваат утре, а Радио и телевизија на Србија ќе ја емитуваат посетата и заедничкото обраќање во живо.
Двајцата лидери се сретнаа неколку пати на меѓународни форуми и самити во странство.
Вучиќ вчера изјави дека разговорот со Зеленски ќе опфати неколку важни теми, вклучувајќи го и европскиот пат на Украина и Србија.