Критично е кај Кавадарци – пожарникарите гаснат но вечерва нема да го стават под контрола големиот пожар

by jadranka 21:01
21:01

Се уште е критична ситуацијата со пожарот во близина на Кавадарци. Зафатена е голема површина, во најголем дел нискостеблеста шума која вечерва не е возможно да се стави под контрола. Ова вечерва го обелодени, првиот човек на ДЗС Стојанче Ангелов кој цел ден е на терен со противпожарните екипи. Со нив таму е и кавадаречкиот градоначалник.

„Пожарот во кавадаречко се уште е активен, невозможно е да се воспостави контрола вечерва. Зафатена е претежно нискостеблеста вегетација. Силниот пламен кој се појавува од време на време е последица на согорувањето на многубројните ниски смреки. Гаснењето од страна на кавадаречките пожарникари ќе продолжи во текот на ноќта. Градоначалникот Јанчев, исто така, е на терен со пожарникарите и помага во гаснењето“, информираше Ангелов.

Од ЦУК пак дополнуваат дека градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријавил два нови пожари кај Камен дол, во близина на Каменоломот Градба промет, гори нискостеблеста шума и трева, вториот помеѓу селата Цирково и Манастирец, со можност за проширување на голем оган.

Слични вести