Полицијата ги идентификуваше тепачите од Гостивар

by jadranka 21:46
21:46

Полицијата ги идентификуваше насилниците кои учествувале во суровото тепање во Гостивар, за кое беше објавена видео-снимка на која се гледа како момче паѓа откако е удрено со клоца во глава, а потоа, иако не се помрднува, групата продолжува да го тепа со дрвена прачка, која буквално му била скршена од грбот.

Станува збор за двајца малолетници од Гостивар и 20-годишник од Скопје.

– Во полициска станица на службен разговор се повикани двајца малолетници од Гостивар, на кои, по наредба на јавен обвинител, им се одземени патните исправи. Третото лице е В.Д. (20) од Скопје, за кого е испратена телеграма до СВР Скопје за понатамошно постапување. По целосно документирање на случајот, во текот на утрешниот ден, по брза постапка, лицата со соодветен поднесок ќе бидат изведени пред надлежен судија на претходна постапка – соопшти вечерва МВР.

Инцидентот бил пријавен во саботата, а се случил ноќта меѓу петокот и саботата, околу 2:30 часот, на улицата „Борче Јованоски“ во Гостивар.
Настанот го пријавил 22-годишник од Гостивар, кој рекол дека заедно со свој пријател биле нападнати од три непознати машки лица, кои при нападот употребиле тврди и дрвени предмети.

За настанот веднаш бил известен дежурен јавен обвинител, по чии насоки и во координација со надлежен обвинител, полициските службеници од ОВР Гостивар, по преземени мерки и активности, ги идентификуваа тројцата учесници во насилниот настан – велат од МВР.

Слични вести