Во 21:54 часот вечерва во Скопје е регистриран слаб земјотрес, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет (ПМФ).
„Земјотресот е со локална магнитуда од 2,5 степени според Рихтеровата скала“, информираат оттаму.
Според податоците, епицентарот бил во скопското подрачје.
Почувствуван е од жителите на Скопје и околината со интензитет од три до четири степени според Европската макросеизмичка скала.
Сепак, според податоците на Европско-медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот се случил во 21:53 минути, со епицентар на околу 11 километри од североисточно од Скопје, во пограничниот регион меѓу Косово, Србија и Македонија.
Во извештајот на ЕМСЦ, се вели дека потресот е со јачина од 2,5 степени според Рихтер и на длабочина од 15 километри.