75
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Битола рече дека годинава нема да користи класичен годишен одмор, туку ќе има кратко патување со семејството во Белгија.
Тој појасни дека слободните денови ќе ги искористи за четиридневен престој во Бриж, но и уште четири дена во Брисел.
„Не одам на годишен одмор. Заедно со семејството ќе одам на кратка екскурзија во Белгија – четири дена во Бриж и четири дена во Брисел“, истакна премиерот.
Тој потврди дека и во текот на летниот период останува посветен на тековните обврски.