Почина македонскиот актер Гоце Тодоровски (75), еден од најпознатите и најомилените драмски и телевизиски уметници во Македонија.
Со децении беше препознатливо лице на домашната сцена, миленик на повеќе генерации гледачи.
Тодоровски ќе остане особено запаметен по своите улоги во култната телевизиска серија „Македонски народни приказни“, преку која народното творештво го доближи до широката публика.
Неговите ликови станаа дел од колективната меморија и оставија силен белег во македонската телевизиска продукција.
Покрај телевизиската и радио-кариера, тој беше долгогодишен член на Драмскиот театар во Скопје, каде што оствари бројни главни и споредни улоги во претстави што го збогатија репертоарот на оваа национална институција.
Заминувањето на Гоце Тодоровски претставува голема загуба за македонската култура.