Путин: Украина на крајот ќе ги изгуби западните територии

by vlatko 22:20
22:20

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека Украина на крајот ќе ги изгуби своите западни територии, нагласувајќи оти левиот брег на реката Дњепар историски секогаш бил дел од Русија.

-Сигурен сум дека Украина порано или подоцна ќе ги изгуби овие западни територии. Она што им припаѓаше на Полска, Унгарија и Романија, порано или подоцна – можеби не утре, задутре, за една година, две, 10 или 15 – историски ќе се врати на своето место – рече Путин, во обраќањето до припадниците на руската морнарица.

Овие територии, како што посочи, Јосиф Сталин не и ги подарил на Украина, туку и ги остапил „во рамките на заедничката држава“. Путин кажа дека Русија била единствен гарант на територијален интегритет на Украина.

– Постоеше само еден гарант на територијалниот интегритет на Украина, а тоа беше Русија. Но, тие сметаа дека е потребно, можно и корисно да ја прогласат Русија за непријател, а Русите во Украина за неконститутивен народ, што е целосна бесмислица и глупост – рече рускиот претседател.

Тој смета дека „Украина отсекогаш била историски поделена на лев брег и десен брег, а левиот брег отсекогаш се сметал не само за ориентиран кон Русија, туку и за дел од Русија“.

Тој ги повтори тврдењата дека „нема агресија од руска страна“ и дека Русија била „принудена да започне специјална воена операција за да ги запре непријателствата што веќе ги започнаа Западот и режимот во Киев“.

Слични вести